
Овие од Зелен хуман град ги доживувам исто како оние од Лајка.
И едните и другите продаваат пуфки, фатаморгани и небулози наместо да се изнајдат конкретни и функционални решенија.
Едните ни ги наполнија улиците со глутници кучиња кои одеднаш имаат повеќе права од луѓето.
Другите го занемаруваат основниот тек на справување со сметот низ кој поминал и поминува целиот цивилизиран свет.
Кој бре нула отпад во држава со над 1000 ДИВИ депонии. ДИВИ. Не оние идиотските комунални кои не исполнуваат ни минимум стандарди а кои со ваша помош ги гради мафијата туку ДИВИ.
Кои граѓани ќе рециклираат кога не знаат уште да фрлаат ѓубре во канти и кои горат пластични шишиња и гуми за огрев и кои чепкаат по кантите за ѓубре.
Секако дека не треба да се увезува отпад, треба да се исчисти нашиот сопствен отпад.
И не, тоа не е можно без инценератори.
Современи, со филтри, на соодветни места поставени.
Македонија е доволно мала за да може цел смет да се носи од сите градови на едно до две места.
И не е точно дека отпадот од инценерирање не може да се употреби.
И не е точно дека сиот отпад може да се стави во биокомпостери.
И да, точно е дека треба да се свртиме кон соларната енергија и да точно е дека треба да се овозможи прочистување на водите и на индивидуално ниво и да точно е дека треба поголема контрола.
Ама ај соберете се со утопиите пред да испумреме од загаден воздух, и почва и вода.