Костадиновска-Стојчевска: ВМРО – ДПМНЕ манипулира во однос на исплатата на средства за Вевчанскиот карневал


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска обвинува дека ВМРО – ДПМНЕ ја манипулира јавноста во однос на исплатата на средства за Вевчанскиот карневал.

 

 


 

– За оваа година (2023) организиторите на Вевчанскиот карневал ја поднеле својата документација во ноември 2022 година, за настан кој се одржа пред неколу денови, а во Министерството за култура во моментов работат комисиите кои одлучуваат по пријавите и имаат законски рок резултатите да ги објават до 45 дена од донесувањето на Буџетот. Оттаму не може да стане збор дека Министерството за култура не ја поддржало оваа манифестација, а уште помалку за игнорантски однос, реагира министерката Костадиновска-Стојчевска на денешното соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.

Според неа, Вевчанскиот карневал пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година, од Министерството за култура бил поддржан со по 1.100.000 денари.

– Најмалку ВМРО – ДПМНЕ може да се повикува на морални вредности и да бара извинување од кого и да е. За потсетување, тие не се организатори на Вевчанскиот карневал. Тоа време, невреме во кое културата им беше партиски заложник, заврши, посочи министерката Костадиновска-Стојчевска.