
Деновиве сме сведоци на протести во Тетово во заштита на докторот во модуларната болница кој некако се најде меѓу обвинетите за целиот случај.
Протестите се за поддршка на докторот кој најмалку е одговорен за тоа како се изградени болниците и кој треба да биде сместен во нив. Овој случај отвори многу дилеми во јавноста. Дали и зошто некогаш одиме во екстреми кога случајот е повеќе од јасен? Дали и зошто не знаеме да процениме што треба, а што не треба да се направи. Во Тетово е јасно дека докторот е колатерална штета, но прашање е дали тој доктор по цела оваа тортура ќе остане во Македонија или ќе замине како и сите останати. Останавме без доктори, а не извлековме ни поуки од ковид кризата. Јасно е дека имавме голема криза. Јасно е дека преку ноќ во Македонија мораше да се менуваат правилата, процесите и протоколите за обезбедување на здравствени услуги преку нови упатства, препораки зад кои стоеше национална комисија при Министерството за здравство. Јасно ни е на сите дека капацитетите на инфективните клиники беа во вонредна состојба преполни со пациенти, а кревет повеќе се бараше и во приватното здравство. И повеќе од очигледно беше дека на дневно ниво имавме огромен број на новозаразени, но за жал и голем број на починати. И сите знаевме дека ова што се случува кај нас е во сите земји во светот.
Од ова искуство учиме сѐ уште лекции, но никако да ја научиме лекцијата дека здравствените работници не се за еднократна употреба – тие ни требаат и секако ќе ни требаат во иднина. Многу јасно е дека најдобро сценарио е да не се повторат ваков тип на кризи никогаш и да имаме добар систем што ќе одговори ако се случи ваква здравствена криза. Една од лекциите вели дека мора да работиме на механизми за зајакнување на медицинскиот персонал и нивна заштита во однос на потенцијална одговорност во услови на вонредна ситуација.
Се разбира за жал никогаш нема да имаме валидни податоци за тоа дали реакцијата на здравствените работници за време на пандемијата овозможи висококвалитетна грижа за пациентите или пак лекарите беа воздржани во нивната работа.
Продолжете со читање на mkd.mk
Слободанка Здравева
Авторката е по потекло Македонка која живее и работи во Германија и се занимава со менаџмент на здравствена заштита, квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите. Поседува големо клиничко искуство во комбинација со раководството на персоналот за надзор на администрацијата, управувањето со квалитетот и безбедноста на пациентите. Моментално е ангажирана како консултант за квалитет на болничка нега и здравствената заштита во EUROPE – KTQ INTERNATIONAL во Германија каде со консултации, едукација и техничка помош за болниците и другите здравствени организации помага при исполнување на регулаторните барања и подобрување на резултатите од грижата за пациентите.
Користени податоци:
https://www.wardgreenberg.com/news/ny-edtpa-amendment-limits-covid-19-immunities-for-new-claims