
Според нутриционистите детоксикацијата на организмот особено после празниците кои изобилуваа со вкусни и богати трпези преполни со солени и слатки деликатеси и внесувањето на поголеми количини храна е многу важна за правилно функционирање на телото.
Акумулирањето на тешката храна богата со многу маснотии и шеќери може да го забави метаболизмот, да направи да чувствувате замор, главоболки, депресија и анксиозност. Затоа е многу важно здравите животни навики да ги ставиме на листата на одлуки кои ќе ги примениме веднаш по завршувањето на празниците.
Добра детоксикација на организмот подразбира внимавање на исхрана, односно внесување полесна храна со доволно витамини и минерали, но и подобрување на општата состојба на метаболизмот, а притоа најдобро е да се зголеми внесувањето на вода, билни чаеви и природно цедени сокови притоа избегнувајќи ги алкохолот, цигарите, кафето и секој вид брза, масна, пржена и индустриски преработена храна со цел побрзо да се исфрлаат токсините од телото.
Препорачливо е во текот на денот да внесете доволно овошје, зеленчук и храна богата со влакна како интегрални житарки, мешунки и разновидни супи и чорби и се што е збогатено со антиоксиданси и е добро за обновување на црниот дроб и зајакнување на имунитетот, а и ги ублажува штетните ефекти од токсичите материи.
Количината на храната која што ќе ја внесувате освен што треба да биде здрава, треба да се распредели на помали оброци кои ќе се консумираат во текот на целиот ден со што ќе се забрза метаболизмот и значително ќе се подобри работата на дигестивниот систем.
Освен промена на исхраната треба да се внесе и физичка активност во дневната рутина и тоа значи гарантирано зголемување на физичката енергија и брзо исфрлање на токсините од телото.