За брзо возење 56 казни на територија на СВР Битола


Во спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишанатаво текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Битола санкционирани се 56 лица.

 

 


 

Од МВР информираа дека од нив 39 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 17 надвор од населено место. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од полицијата.