
„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и се обработуваат теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за неделните совети, можете да ги пишувате на нашата Facebook – страница: MACEDONIA-EXPORT.
Најчестот прашање кое го добивав додека предавав на универзитет беше: „Дали ова ќе го има на тестот?“ на мојот одговор, „ Не, нема да го има.“ секогаш следеше прашањето „Зошто тогаш си го трошиме времето зборувајки за ова?“ јас им одговарав со зборовите на Џедај Мастер Куи-Гон Џин „ Не те тестирам јас, Оби-Ван. Живото те тестира.“ Беше јасно дека мотивацијата на студентите за учење е не постоечка.
Нашиот образовен систем е дизајниран да произведува низа од послушни работоспособни возрасни едники во системот на индустриската економија Идеата беше едноставна: оди на училиште -добиј диплома – вработи се – работи до пензионирање. Повеќе од еден век нашите училишта успешно ги подготвуваа луѓето за цел работен век продуктивна работа.
Но светот се смени: дигиталните технологии ги пишуваат одново бизнис правилата; од студентите се очекува да менуваат работа на секои 4-5 години; возраста за пензионирање константно расте, а социјалната сигурност е се послаба. Единствениот не променет дел од општеството е образовниот систем.
Ни треба образовен систем кој наместо да обезбеди јасна мапа која ќе ја следат студентите, ќе потикне љубопитност кај сите студенти и да им овозможи да превземат контрола над нивните животи:
Знаење: Што знае една личност
Денеска, специфично знаење станува застарено невројатно брзо; 50% од она што ќе го научите на час по менаџмент ќе биде застарено во следните четири години. Како резултат на ова светот на работата станува се понесинхронизиран со образовниот свет. Универзитетска диплома повеќе не гарантира ништо. Клучна е способноста за адаптација.
Вештини: Што може да прави една личност
Нашиот образовен систем е поделен на оддели-вистинскиот свет не е.За подобро да ги подготвиме студентите за дигиталниот свет, треба да ги подобриме нивните меки вештини: комуникациски вешини, информациска писменост, критично размислување, носење одлуки, преговарање и лидерство. Професорите треба да ги ставаат учениците пред предизвици од вистинскиот живот, да потикнуваат тимска работа и соработка, да ја интегрираат технологијата како алатка за учење, не како замена за ефективно предавање.
Вредности: Што една личност сака да прави
Вистинскиот проблем за секој професор не е што треба да биде поминато на час, туку што треба да биде откриено. Улогата на професорот не е да ги дава очигледните одговори, туку да поставува предизвикувачки прашања и да ја храни имагинацијата на студентите за тие да осетат потреба да научат. Како што велеа моите родители „Не учиш за тестот. Учиш за себе.“
Практичен пример:
Бев судија за „Основни Вредности“ на ПРВАТА Лего Лига во Црна Гора, натпревар каде ученици од основно училиште градеа и програмираа Лего Мајндстормс робот да изврши одредена задача. Натпреварот не беше наменет за да научат која е функцијата на кондензатор, туку за иновација, решавање на проблеми и тим билдинг. Моја работа беше да идентифкувам дали тимовите делеа основни вредности.Да имате робот што ќе ја заврши задачата не беше доволно- без да имаат вредности, тимот не можеше да победи. Тоа беше важна животна лекција за децата и нешто што сите треба да се трудиме да го научиме.
Со успех во промените,
Владимир Вулич, Црна Гора
Ко – основач на @DigitalizujMe
Be the first to comment