TOW#528 – Безизлезна/Безнадежна ситуација


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

 

 


 

Сигурен сум дека неколку пати сте се нашле во безизлезна/безнадежна ситуација и прашањата  што секогаш си го поставувам се – дали навистина ситуацијата е таква или пак само си мислиме дека е таква, всушност, што е тоа безизлезна/безнадежна ситуација?!

Ајде, за почеток да одговорам на прашањето: што е безизлезна ситуација? Според она што го истражував малку, сепак секоја „безизлезна” ситуација се поврзува со мозокот и сигналите кои мозокот ги дава во тој момент. Значи, сè е до мозокот и како тој се однесува во таков момент и што сака да ни каже, па така вие верувате дека вашата состојба е над секаков можен оптимизам, невозможна и/или сте неспособни за решение или подобрување. Така почнувате да верувате дека ништо не може да ја промени ситуацијата, така ништо не правите за да ја промените, како ништо не правите, така ништо не се менува и на крај се доведувате во ситуација дека сте биле во право.

Тоа не е состојба на депресија, но обесхрабрувањето кое го имате во тие моменти е толку големо што многу луѓе го поврзуваат со депресија.

Гледајќи дека сè се врти околу мозокот, а работата не може да трпи, еве ви неколку совети како да излезете од таквата ситуација и да направите добро за (пред сè) себе и за компанијата во која работите:

Фокус – дефокусираноста во тој момент е најголем проблем, односно фокусираноста на ситуацијата во која се наоѓате. Пробајте да се фокусирате на други работи. Почнете прво од лесно остварливи, па се погоре и погоре.

Работа/Акција – немојте само да седите и да офкате дека сте во таква ситуација. Преземајте работи и акција, но немојте да ги преземате затоа што јас или некој друг така ви рекол туку и извршувајте ги. Мозокот нека ви биде во функција на друго, а не на тоа во состојбата во којашто сте.

Едукација – доедуцирајте се за она што го работите во моментот, но исто така, ви предлагам да ги проширите своите видици и да започнете едукација и за нешто друго кое може да биде комплементарно на тоа што во моментот го работите или е сосема нешто различно, но од секогаш сте имале желба да го научите и да го примените во својот професионален живот.

Минато vs Иднина –  заборавете на минатото, фокусирајте се на иднината. Научете од грешките и немојте да дозволите тие да ви се повторат, ако веќе не учите од туѓите грешки.

Колеги – подобрете ја (дневната) комуникација со вашите колеги. Помогнете им на колегите во исполнување на нивните задачи, со тоа ем ќе си помогнете сами на себе (работа, акција, дефокус итн.) ем можеби и тие ќе ви помогнат некогаш (нека не ви биде ова примарно).

Најважно од сè е да се знае дека од сè има излез, па така и од секоја ситуација има излез. Е сега, проблемот е во тоа што понекогаш излезот, односно решението на таа ситуација може да не ни се допаѓа (барем не во прв момент), но како што велат старите: секое лошо, за добро е!

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

 

 


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*