Погребан поранешниот грчки крал


На поранешниот кралски имот во северниот дел на Атина, во непосредна близина до гробовите на неговите предци, како што и самиот посакувал, попладнево беше погребан поранешниот грчки крал Константин Втори, објави онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“.

 

 


 

На погребот, што беше приватен и без државни почести, присуствуваа членови на кралски семејства од повеќе држави, меѓу кои и Шпанија, Холандија, Шведска, Данска, Луксембург итн и се одржа под силно полициско обезбедување.

Константин Втори минатата седмица почина на 82-годишна возраст.